Privacy Policy

1. Вовед

Оваа Политика за приватност го опишува начинот на кој платформата ModusClass ги собира, користи и заштитува личните податоци на корисниците кои пристапуваат до веб страницата https://modusclass.com.

Со користење на платформата, се смета дека корисникот е информиран и се согласува со оваа политика.


2. Кои податоци ги собираме

При користење на платформата може да се собираат следните податоци:

Лични податоци

  • име и презиме
  • е-маил адреса
  • телефонски број
  • податоци поврзани со кориснички профил

Податоци за користење

  • IP адреса
  • тип на уред и пребарувач
  • посетени страници
  • време на користење на платформата

Податоци за плаќање

Плаќањата се обработуваат преку надворешни платежни системи. ModusClass не складира целосни банкарски податоци.


3. Зошто ги користиме податоците

Податоците се користат за:

  • креирање и управување со кориснички профили
  • овозможување пристап до курсеви
  • обработка на плаќања
  • комуникација со корисници
  • подобрување на платформата
  • безбедност и спречување злоупотреба

4. Инструктори и исплати

Доколку корисникот има улога на инструктор, може да генерира приход преку продажба на курсеви.

Исплатите функционираат на следниот начин:

  • повлекувањата се обработуваат еднаш месечно
  • сите одобрени исплати се реализираат на првиот ден од месецот
  • исплатата може да биде одложена во случај на проверки или нерешени трансакции.

5. Споделување на податоци

Личните податоци може да бидат споделени само кога е неопходно:

  • со платежни провајдери
  • со технички партнери (hosting, analytics)
  • со надлежни институции согласно закон

ModusClass не продава лични податоци.


6. Колачиња (Cookies)

Платформата користи cookies за:

  • одржување на сесија
  • анализа на користење
  • подобрување на перформансите

Корисникот може да ги контролира cookies преку својот пребарувач.


7. Безбедност на податоците

Се применуваат технички мерки за заштита како:

  • HTTPS енкрипција
  • контролиран пристап
  • безбедносни системи

8. Права на корисниците

Корисниците имаат право да:

  • побараат пристап до своите податоци
  • побараат исправка
  • побараат бришење
  • ограничат обработка

9. Измени

Оваа политика може да се ажурира. Промените ќе бидат објавени на оваа страница.


10. Контакт

Email: support@modusclass.com
Website: https://modusclass.com

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.